1. Б4 се наоѓал во просторот на ограничување околу 2 секунди кога Б5 извел обид за постигнување на кош од поле. А4 го блокирал шутот на Б5. Топката не го допрела обрачот. Б4 кој сеуште се наоѓал во просторот на ограничување ја фатил топката. На Б4 ќе му биде дозволен престој во просторот на ограничување во траење на нови 3 секунди. Исправно?
Да Не
2. В4 направил фаул врз дриблерот А4. После исправно побарана замена А6 го заменил А4. Откако судијата ја ставил топката на располагање на А5 за уфрлување, откриено е дека грешката на Б4 била петта тимска грешка во тој период на играта. Судиите побарале А4 да се врати на теренот за да ги изведе слободните фрлања. Двете слободни фрлања биле успешни. Дали А4 мора како играч да остане во играта најмалку еден период на работа на часовникот за игра?
Да Не
3. А1 е фаулиран од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. После првото слободно фрлање, судиите откриле дека А1 крвари и тој е заменет со А6 кој треба да го изведе второто слободно фрлање. Во тој момент екипата Б исто така бара да замени еден играч. Одобрувате?
Да Не
4. За време на интервалот на игра помеѓу 1 и 2 период на натпреварот е откриено дека постигнатиот кош на А3 во првиот период по грешка е запишан како кош со вредност од 2 поени. Судијата веднаш му наложува на записничарот да ја исправи грешката. Исправно?
Да Не
5. Дали сите линии кои го обележуваат - лимитираат рекетот - просторот на ограничување се дел од него?
Да Не
No comments:
Post a Comment