1. Уфрлувањето по основ на алтернативен посед завршува кога топката ќе биде исфрлена од рацете на играчот кој го изведува уфрлувањето. Исправно?
Да Не
2. Во потрага по слободна позиција, Б1 го оттурнал од себе А1, што било досудено како лична грешка. А1 во приближно исто време го удрил Б1 со лакт, што му било доудено како неспортска грешка. Ова е обострана грешка. Бидејќи екипата А имала посед на топката кога била одсудена обостраната грешка, играта ќе продолжи со уфлување за екипата А најблизу до местото на повредата на правилата. Исправно?
Да Не
3. А4 шутира на кош од полето за 3 поени. Б4 отскокнал со опчекорена линија за 3 поени и ја допрел топката кој го продолжила својот лет и влегла во кошот. Судиите решиле да и доделат само 2 поени на екипата А. Исправно?
Да Не
4. Со 23 секунди преостанати на часовникот за игра екипата А остварила нов посед на топката. Со преостанти 19 секунди на часовникот за игра А1 шутира за кош од игра. Топката го допрела обрачот и А2 остварил посед во скок. Часовникот за шут нема да биде уклучен кога екипата А првобитно остварила посед на топката, но тој ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А2 остварил посед на топката бидејќи сеуште има повеќе од 14 секунди на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
5. Слободните фрлања доделени како последица на досудена ТГ мора да бидат изведени од играч кој бил на теренот кога ТГ била досудена. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment