Sunday, December 10, 2017

Прашања

1. Б4 направил фаул врз дриблерот А4. После исправно побарана замен А6 го заменил А4. Откако судисјата ја ставил топката на располагање на А5 за уфрлување, откриено е дека грешката на Б4 била петта тимска грешка во тој период на играта. Судиите побарале А4 да се врати на теренот за да ги изведе слободните фрлања. Двете слободни фрлања биле успешни. Дали А4 мора како играч да остане во игра најмалку еден период на работа на часовникот за игра?
                        Да                     Не
2. А4 ја водел топката во своето задно поле во траење од 5 секунди. По додавањето на А4 од задното поле топката била допрена од Б4 кој стоел со опчекорена централна линија. топката му се одбила назад на А4 кој ја фатил додека сеуште се наоѓал во задното поле. Судијата во оваа ситуација ќе започне со броење на нов период од 8 секунди. Исправно?
                       Да                     Не
3.А4 е повреден и играта е запрена. Бидејќи А4 не е во состојба веднаш да ја продолжи играта, судијата свири со својата свирка покажувајќи го конвенциалниот знак за замена и А6 влегува на теренот. Веднаш потоа тренерот на екипата А бара Тајм Аут кој му е одобрен. По тајм аутот се опоравил и бара да остане во игра. дозволувате?
                       Да                     Не
4. Слободните фрлања доделени како последица на досудени технички грешки мора да бидат изведени од играч кој бил на теренот кога Техничка грешка била досудена. Исправно?
                       Да                      Не
5. Екипата А во предвиденото време ја доставила на записничарот листата на играчи за натпреварот. Записничарот по грешка пропуштил името на еден играч да го внесе во записникот. Ова е откриено откако започнала играта. Судијата во прикладно време за тоа ја запрел играта и наложил името на играчот да биде додадено во записникот и играта да продолжи. Исправно?
                        Да                       Не

No comments: