Friday, November 3, 2017

Прашања

1.А1 ја уфрла топката од челната линија додавајки му ја на А3. А3 ја прифаќа топката со едната нога газејќи на страничната линија и заради тоа е досуден прекршок аут. Играта ќе продолжи со уфрлање на екипата Б од местото на оргиналното уфрлање на А1. Исправно?
               Да              Не
2. А1 го завршува водењето на топката од задното поле со опчекорена централна линија држејки ја топката во своите раце. Потоа А1 ја додва топката на А2 кој исто така ја има опчекорено централната линија. Дали е тоа исправна игра?
               Да               Не
3. Топката е ставена на располагање на А3 за уфрлување со кое започнува вториот период. Пред топката да биде легално допрена од играч на теренот Б4 го фаулира А4. Фаулот на Б4 се смета дека се случил во интервал на игра. Исправно?
               Да                Не
4. Во моментот кога ќе преостанат 10 секунди од доделен ТО ( истечени 50 секунди од тајм аутот), двајца од тројцата судии од местото на одржување на својот тајм аут, започнуваат да се движат према клупите на екипите. Исправно?
              Да                Не
5. Со 1:42 преостанато време за игра во вториот период, екипата А напаѓа кон противничкиот кош. Во тој момент судиите забележуваат дека часовникот за игра и оној за шут веројатно поради дефект се исклучиле и не покажуваат никакви вредности. Играта веднаш ќе биде запрена. Дали во тој момент може да се користи прегледување на снимката (ИРС), за да се утврди колку време преостанало на двата часовника?
              Да                 Не

No comments: