Thursday, August 24, 2017

Прашања

1. Б4 прави грешка врз А4 тоа е петта грешка на екипата Б. По грешка судиите ја врачуваат топката на А1 за уфрлување наместо 2 слободни фрлања. По уфрлувањето, А2 постигнува погодок од игра. Пред топката да постане жива судиите ја приметуваат грешката. Дали грешката ќе се занемари?
                Да               Не
2. Екипата Б е во водство со 2 поена. Часовникот за игра се огласува за крај на периодот или натпреварот кога шутот од игра на А1 е успешен и 2 поена ќе бидат прзнати од страна на судиите. Судиите не се сигурни дали шутот на А1 треба да вреди 3 поена. Дали е дозволено користење ИРС како би се утврдило дали погодокот вреди 3 поени?
                Да                 Не
3. Сигналот на часовникот за игра за крај на периодот се огласува во приближно исто време кога А1 успешно изведува шут од полето за 3 поена. Судиите не се сигурни дали А1 ја допрел граничната линија при шутот. Дали е дозволено користење ИРС како би се утврдило дали играчот ја допрел граничната линија?
                Да                Не
4. Досудена е 5 лична грешка на А1. Исфрустриран, вербално ги навредува судиите и они го исклучуваат. Дали судиите се во право доколку досудат техничка грешка на тренерот на екипата А?
                Да                 Не
5. Во момент на шут од игра врз А1 лична грешка прави Б2, потоа Б1 прави нормална грешка на А1 додека е сеуште во момент на шут. Дали судиите ќе ја занемарат личната грешка на Б1?
                Да                Не

No comments: