Tuesday, May 16, 2017

Прашања

1.После шутот на А5 за кош од игра, топката ја допрела таблата но не и обрачо, се одбила од неа кога во скок само е допрена од Б1 ( Б1  не остварил посед), после што А2 остварил посед на топката. Во тој момент се огласил сигналот на часовникот за 24 секунди. Дали екипата А направила прекршок 24 секунди?
                Да                 Не
2. А1 ја водел топката во траење од 4 секунди во своето задно поле кога започнува тепачка. ЗаменицитеА7 и Б9 се исклучени заради влегување на теренот. Еднаквите казни меѓусебно се поништиле и играта продолжила со уфрлување за А2 од централната линија отспротива на записничката маса. А2 ја додал топката на А3 кој се наоѓа во своето задно поле. Екипата А има 4 секунди да ја пренесе топката во предното поле. Исправно? 
                 Да                 Не
3. А4 од своето задно поле се обидел да ја додаде топката на А5 кој е во предно поле. Б4 отскокнал од своето предно поле, остварил посед во воздухот и пред да доскокне во задното поле ја додал топката на Б5 кој е во задното поле на екипата Б. Дали тоа е исправна игра на Б4?
                 Да                  Не
4. А1 го започнал својот момент на шут продирајќи кон кошот, држејки ја топката со двете раце. Во продолжение на своето движење тој е фаулиран од Б1, после што А1 направил прекршок чекори, а топката влегла во кошот. Кошот нема да се смета (важи). На А1 ќе му бидат доделени 2 или 3 слободни фрлања.Исправно?
                  Да                 Не
5. А1 ја води топката од своето задно поле и го запира своето напредување со двете нозе во предното поле, но сеуште водејќи ја топката во своето задно поле. Дали во таква ситуација периодот од 8 секунди е завршен?
                  Да                 Не

No comments: