1. А1 е повреден и играта е запрена, А6 се подготвува да го замени А1 пред записничката маса, но пред судијата да свирне со својата свирка покажувајќи го конвенционалниот сигнал за одобрена замена, тренерот на екипата А бара тајм аут кој е одобрен. Дали по завршувањето на тјм аутот А1 може да остане во игра?
Да Не
2. А1 се наоѓа во момент на шут кога истовремено со сигналот на часовникот за игра за крај на периодот е фаулиран од Б1 и му се доделени 2 слободни фрлања. Интервалот на игра ќе започне веднаш после сигналот за крај на периодот, а доделените слободни фрлања ќе се изведат на почетокот на наредниот период. Испрано?
Да Не
3. Со 2:00 минути преостанати за игра во последниот период на играта, А5 ја има топката во своите раце за уфрлување, кога Б5 причинил контакт на теренот и нему му е досудена лична грешка. дали во ваква ситуација мора да биде досудена неспортска грешка?
Да Не
4. Екипата А имала посед на топката 15 секунди. А1 се обидува да ја додаде топката на А2 и топката се движи да ја помине граничната линија. Б1 се обидува да ја спаси топката да не оди надвор од граничните линии и отскокнува од теренот преку граничната линија. Додека Б1 сеуште во воздухот, ја фаќа топката со двете раце и исправно ја враќа на теренот каде А2 остварува посед на топката. Ѓут часовникот ќе биде ресетиран на нови 24 секунди за екипата А. Исправно?
Да Не
5. Со 2:09 преостанато време за игра во 4 период, тренерот на екипата А го бара својот прв тајм аут во второто полувреме додека играта тече. Со 1:58 преостанато време за игра, топката оди надвор од теренот и часовникот за игра е запрен. Во тој момент е одобрен тајм аутот за екипата А. Записничарот ќе маркира во записникот 2 хоризнотални линии во првото поле за тјм аут на екипата А во второто полувреме бидејќи тајм аутот е одобрен на 1:58 до крај на 4 период. Одобрениот тјм аут ќе биде внесен во второто поле и екипата А ќе има само уште еден преостанат тајм аут. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment