Saturday, March 11, 2017

Прашања

1. За време на првиот период на играчот А2 му е досудена ТГ заради лошо и неспортско однесување. Во текот на последните две минути од четвртиот период А2 го фаулира Б2 и тоа е петта грешка на А2 и втора грешка на екипата во тој период. Фрустриран А2 неспортски реагира и заради тоа му е досудена ТГ. Дали заради доудена втора ТГ А2 автоматски ќе биде исклучен?
                  Да                   Не
2. А3 шутира за кош од игра за време на последните секунди на третиот период и обидот е успешен, кога во приближно исто време се огласил сигналот на часовникот за 24 секунди. Судиите не се сигурни дали топката била ослободена за шут од поле пред сигналот на часовникот за 24 секунди. Дали во ваков случај судиите имаат право да го користат ИРС системот и ја прегледаат снимката од акцијата?
                 Да                    Не
3. ТГ му е досудена на А4. За време на изведувањето на слободното фрлање, Б2 згазнал преку линијата за слободни фрлања пред да ја исфрли топката. На Б2 му е досуден прекршок и играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А. Исравно?
                 Да                    Не
4. Кога таблите на кошевите се опремени со светлечки ленти по нивните обиколници, светлосниот сигнал преовладува врз звучниот сигнал на часовникот за игра. Исправно?
                 Да                    Не
А1 ја ослободил топката за кош од игра од полето за 3 поени. Топката на својот лет кон кошот во патека на качување исправно е допрена од одбрамбен играч кој отскокнал од полето за 2 поени. Топката потоа го продолжува својот лет во кошот. На екипата А ќе и бидат доделени 2 поени бидејќи шутот на А1 е солободен од полето за 3 поени, но одбрамбениот играч имал отскок од полето за два. Исправно?
                Да                     Не

No comments: