1. А1 ја води топката од своето задно поле и веќе има една нога (но не и двете) во предно поле. После тоа А1 ја додава до А2 кој ја опчекорува центалната линија. А2 потоа почнува да ја води топката према своето задно поле. Дали ова е дозволена игра?
Да Не
2. Екипата А има посед на топка во своето задно поле. 6 секунди се потрошени кога е досудена обострана грешка во задното поле. Дали екипата А ќе има на располагање нови 8 секунди?
Да Не
3. Додавањето на А1 од задното поле го удира судијата кој ја опчекорува централната линија. Дали екипата А ќе има на располагање нови 8 секунди?
Да Не
4. А1 ја води топката во своето предно поле и над него е направена грешка од Б1. Ова е втора грешка во овој период. Часовникот за шут покаѓува 3 секунди. Дали екипата А ќе има на располагање нови 14 секунди?
Да Не
5. А1 шутира на кош од игра. Топката го допира обрачот, Б1 ја допира топката која оди надвор од граничните линии. Дали екипата А има нови 24 секунди на располагање?
Да Не
No comments:
Post a Comment