1. Тренерот на екипа А ги означува 5 те играчи кои ќе го започнат натпреварот. Кога натпреварот почнал досудена е грешка на А7, кој не е помеѓу стартните 5 играчи пријавени на почетокот на натпреварот. Судиите се известени од записничарот. Дали судиите се во право доколку досудат техничка грешка на тренерот на екипата А?
Да Не
2. А4 од своето задно поле се обидува со дол ас да ја додаде топката на А5 во предното поле на екипата А. Додавањето е преечено од Б3 додека е во скок во своето предно поле и со топката доскокнува во своето задно поле. Прекршок вратена топка во задно поле?
Да Не
3. А3 ја уфрла топката во игра кога на часовникот за игра има 00.00.2 секунди. Уфрлената топка во игра А5 ја одбива према кошот, додека топката е во лет се огласува сигналот за крај на периодот а потоа топката влегува во кош. Кошот се признава?
Да Не
4. А4 ја води топката поред челната линија. Кога ќе дојде позади таблата, скока нанапред и предизвикува контакт со противникот Б5, кој стои о двете нозе во дозволена положба на чување во полукругот. Дали ќе се досуди грешка пробивање?
5. На А4 кој ја води топката во своето предно поле Б4 прави неспортка грешка, во моментот кога на дисплејот за 24 секунди стои 6 секунди. После изведувањето на слободните фрлања екипата А ќе има 14 секунди за напад?
Да Не
No comments:
Post a Comment