Wednesday, September 14, 2016

Прашања

1. Топката ги напуштила рацете на судијата, при почетното потфрлање а пред да ја допре било кој играч на теренот, досуден е прекршок на скокачот А5 и топката е доделена за уфрлување на екипата Б. Во тој момент тренерот на екипата Б бара тајм-аут. Дали тајм-аутот ќе биде одобрен?
                Да               Не
2. На екипата А и е доделено уфрлување на топката во игра кога часовникот за игра покажува 00.00.02 до крајот на натпреварот. А4 ја додава топката до А1 кој одма шутира од голема одалеченост од противничкиот кош и постигнува погодок. Погодокот ќе се признае?
                Да               Не
3. А4 ја уфрла топката во игра и таа го допира Б4 , потоа се одбива и удира во телото на Б2, за да на крај ја прифати А2 и започне нов дриблинг. Уредот за меренје на 24 секунди се уклучува кога А2 ќе ја прифати топката?
                Да               Не
4. А4 додека ја води топката се зауставува со двете нозе во предното поле а топката која ја води е во задното поле, потоа се враќа со двете нозе во задното поле. Броењето на 8 секунди продолжува без прекин?
                Да               Не
5. А4 ја прима топката додека ја има опчекорено средната линија од А2 кој се наоѓа во задното поле, а потоа ја враќа топката назад до А2 кој сеуште се наоѓа во задното поле. Прекршок вратена топка во задно поле?
                Да               Не

No comments: