Wednesday, May 11, 2016

Прашања

1. Стрелката за наизменичен посед покажува посед за екипата А. При уфрлување на топката од аут за екипата А играч од таа екипа ја допира топката, но не ја контролира и екипата Б ја освојува топката. Дали екипата А сеуште ќе има алтернативен посед?
              Да                Не
2. На почетокот на второто полувреме, екипата А не може да изведе 5 играчи на теренот ( повреди, дисквалификации и сл.). Може ли екипата да го започне натпреварот со помалку од 5 играчи?
              Да                Не
3. При потфрлување, дали часовникот за игра и часовникот за 24 секунди секогаш стартуваат со различно време?
              Да                Не
4.Во случај на скок шут, дали моментот на шут престанува кога топката ќе ги напушти рацете на шутерот?
              Да                Не
5. А1 е повреден и натпреварот е запрен. Бидејќи А1 не е во состојба да продолжи да игра веднаш, судијата дава сигнал за замена. Побаран е тајм аут од тренерот на екипата Б пред заменикот на А1 да влезе во игра. На крајот од тајм аутот А1 се опоравил од повредата и побарал да остане во игра. Дали А1 ќе биде заменет?
               Да              Не
 

No comments: