Tuesday, May 3, 2016

Прашања

1. Може ли играч-тренер да побара ТА директно кај еден од судиите на теренот?
               Да               Не
2. А1 е одреден да го започне натпреварот, но 5 (пет) минути пред почетокот на натпреварот се повредува. Тој е заменет со А2, тренерот на екипата Б тогаш инсистира да замени два играча. Дали ќе му биде дозволено?
              Да                Не 
3. А1 влегува во игра како замена за А2. Пред часовникот за игра да започне да работи А1 добива ТГ која е неговата петта грешка. Единствен играч кој може да го замени е А2. дали А2 може да влезе во игра?
              Да                Не
4. А1 се наоѓа во предното поле со двете свои стопала. Ја додава топката кон А2 кој исто така се наоѓа во предното поле. При додавањето топката допира дел од задното поле на екипата. Ова е прекршок топка вратена во задно поле?
              Да               Не
5. Доколку мислењето на Судијата и Делегатот околу прекин на натпреварот се разликуваат, за прекинот на натпреварот решава Првиот судија?
              Да               Не

No comments: