1. За време на почетното потфрлање, скокачот А4 исправно ја одбил топката но таа отишла надвор од граничните линии. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата Б. во моментот кога топката ќе биде на располагање на играч на екипата Б за уфрлување, стрелката ќе биде доделена на екипата А?
Да Не
2. После шут за кош од игра на А4, топката е во слегувачка патека кога скоро истовремено е допрена од А5 и Б5. Потоа топката влегува во кошот. Кошот ќе биде поништен, тоа е ситуација на потфрлање и играта ќе продолжи според правецот на стрелката за посед. Исправно?
Да Не
3. А1 отскокнал со топка во рацете од своето предно поле кога е легално блокиран од Б3. Потоа двајцата играчи се вратиле на подот со едната или двете раце цврсто на топката. При доскокот А1 со едната нога стапнал во своето задно поле. Дали судиите се во право кога досудиле држана топка и ја продолжиле играта според правецот на стрелката за посед?
Да Не
4.А2 шутира за кош од игра во осмата минута од четвртиот период и шутот е успешен. Во приближно исто време А3 го фаулира Б3. Судиите не се сигурнидали топката била ослободена за шут пред да биде досудена лична грешка или не. Дали во ваква ситуација судиите имаат право да го користат ИРС ако постои и да ја прегледаат снимката?
Да Не
5.За време на последното или единствено слободно фрлање на А4, топката во патека на качување пред да удри во обрачот е допрена од Б4. Судиите одлучуваат: Прекршок од Б4 и доделуваат 1 поен на екипата А. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment