Monday, March 28, 2016

Прашања

1.Во последните 20 секунди од играта екипата А постигнала кош од игра и тренерот на екипата Б побарал и добил тајм-аут. Дали уфрлувањето кое следи после тај-аутот ќе се изведе од линијата за уфрлување во предното поле со 14 секунди за напад.
                    Да                     Не
2.А4 има посед на жива топка на теренот на теренот близу до страничната линија. А4 е одблизу чуван од Б4 кој се слизнува и паѓа надвор од теренот во аут. Додека А4 пивотира го губи балансот и паѓајќи ја удира топката во Б4. Прекршок ( аут од екипа А, уфрлување за Б најблиску до местото на прекршокот). Исправно?
                    Да                    Не
3.А1 му ја додал топката на А2 за цепелин, А2 ја промашил топката, таа удрила во обрачот и силно се одбила, после што А3 остварил посед на топката во своето задно поле. Часовникот за шут веднаш ќе биде ресетиран на  14 секунди штом топката удрила во обрачот, но бидејќи А3 остварил посед на топката во своето задно поле, тоа е прекршок вратена топка. Исправно?
                  Да                      Не
4.Според новите препораки во механиката со три судии, при врачување на топката за уфрлување на челната линија, водечкиот судија се поставува поблиску до страничната линија, така што играчот кој го изведува уфрлувањето се наоѓа помеѓу конструкцијата на кошот и водечкиот судија. Иссправно?
                  Да                       Не
5.А1 ја води топката кон противничкиот кош. Б1 е во правилна положба на чување надвор од полукругот во кој нема пробивање, но неговата задна нога гази преку линијата на полукругот. А1 кој е веќе во воздух удира во торзото на Б1 и заради тоа му е досудена лична грешка во напад. Исправно?
                  Да                      Не

No comments: