1. На играчот А4 му се доделени 3 слободни фрлања. По грешка после второто слободно фрлање скокачите тргнале на скок, Б5 остварил посед на топката и екипата Б тргнала во напад минувајќи во своето предно поле. Во тој момент грешката е откриена и играта е запрена. Бидејќи во тој момент грешката сеуште може да се исправи, А4 ќе изведе уште едно слободно фрлање и играта ќе продолжи како после секое последно или единствено слободно фрлање. Исправно?
Да Не
2. Првиот помошник досудил лична грешка и ја казнил акцијата со уфрлување на топката од челната линија. Првиот судија ја преиначил одлуката на првиот помошник и дал две слободни фрлања бидејќи според негово мислење играчот бил во момент на шут. Исправно?
Да Не
3. На 1:58 до крајот на третиот период, Б6 се пријавил кај записничарот дека бара замена. Веднаш потоа екипата А постигнала кош од игра. Бидејќи е постигнат кош од екипата А, на Б6 како член на екипата која примила кош ќе му биде одобрена замена. Исправно?
Да Не
4. А5 постигнал кош од игра при што е фаулиран од Б4 и на А5 му е доделено дополнително слободно фрлање. На екипата А и е доделен тајм аут пред слободното фрлање. После тајм аутот А2 успешно го извел дополнителното слободно фрлање. По фрлањето Б4 јс имал топката на располагање на челната линија кога грешката е откриена. Судиите го поништиле кошот на А2 и играта треба да продолжи со уфрлување за екипата Б од:
а) челната линија
б) продолжената линија за слободни фрлања
5.Судиите откриле дека А2 е шести играч на теренот на екипата А и ја запрел играта откако А2 постигнал кош. Постигнатиот кош ќе биде поништен и судиите ќе наложат А2 веднаш да го напушти теренот. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment