1. На А1 му била досудена 5 та лична грешка. Фрустриран тој вербално го навредувал судијата за што бил исклучен. Грешката ќе му биде доделена на тренерот на екипата А, впишана како „К“. Казната е 2 слободни фрлања и посед на топката за екипата Б. Исправно?
Да Не
2. А4 направил неспортска грешка врз Б4, после што заради меѓусебна неспортска комуникација технички грешки им се досудени на тренерите А и Б. Дали играта ќе продолжи со 2 слободни фрлања за било кој играч на екипата Б, проследено со уфрлување за екипата Б поради редослед на поништување на еднакви казни?
Да Не
3. Играчот А4 е во момент на шут при двочекор во обид за положување кога е фаулиран. Веднаш по свирката на судијата, но пред топката да ги напушти рацете на А4 се огласува сигналот за 24 секунди. По сигналот топката ги напушта рацете на А4 и влегува во кошот. Кошот не се признава и две слободни фрлања се доделени на А4. Исправно?
Да Не
4. Со 23 преосанати на часовникот за игра екипата А остварила нов посед на топката. Со преостанати 19 секунди на часовникот за игра А1 шутира за кош од игра. Топката го допрела обрачот и А2 остварил посед во скок. Часовникот за шут нема да биде уклучен кога екипата А првобитно остварила посед на топката, но тој ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А2 остварил посед на топката бидејќи сеуште има повеќе од 14 секунди на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
5. Во потрага по слободна позиција, Б1 го оттурнал од себе А1, што било досудено како лична грешка. А1 во приближно исто време го удрил Б1 со лакт, што било досудено како неспортска грешка. Ова е обострана грешка. Бидејќи казните за грешките не се исти, тие ќе се изведат според редоследот како се случиле. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment