1. А1 ја направил својата 1 техничка грешка во првото полувреме која му била досудена заради бесење на обрачот. Заради неспортско однесување во второто полувреме на А1 му била досудена 2 техничка грешка. А1 автоматски ќе биде исклучен и треба да оди и остане во тимската соблекувална до крајот на натпреварот или ако така одбере да ја напушти зградата. Втората техничка грешка ќе биде единствена материјална казна и дополнителна казна за исклучувалката грешка нема да биде администрирана. Записничарот мора веднаш да го извести судијата кога играчот ќе направи 2 технички грешки и дека тој треба да биде исклучен.
Да Не
2.А1 му ја додал топката на А2 за цепелин. А2 ја промашил топката и таа го допрела обрачот, после што А3 остварил посед на топката. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А3 остварил посед на топката. Дали ако А3 ја допре топката во своето задно поле, тоа е правилна игра?
Да Не
3. А1 ја ослободил (исфрлил) топката за кош од игра од полето за 3 поени. Топката на својот лет кон кошот во патека на качување исправно е допрена од одбрамбен играч кој отскокнал од полето за 2 поени. Топката потоа го продолжува својот лет и влегува во кошот. На екипата А ќе и бидат доделени 2 поени бидејќи шутот на А1 е ослободен (исфрлен) од полето за 3 поен, но одмбрабениот играч имал отскок од полето за два. Исправно?
Да Не
4. А1 сто со двете нозе во задното поле близу до централната линија, кога се обидел да одигра додавање од земја кон А2 кој исто така со двете нозе стои во задното поле близу до централната линија. При додавањето топката го допира предното поле пред да го допре А2. Тоа не е прекршок вратена топка, а бидејќи топката го допрела предното поле, екипата А ќе добие нов период од 8 секунди. Исправно?
Да Не
5. Кога таблите на кошевите се опремени со светлечки ленти по нивните обиколници, звучниот сигнал преовладува врз светлосниот сигнал на часовникот за игра. Исправно?
Да Не
No comments:
Post a Comment