Monday, January 18, 2016

Прашања



  1. Со 2:09 преостанато време за игра во 4 период, тренерот на екипа А го бара својот прв тајм аут во второто полувреме додека играта тече. Со 1:58 преостанато време за игра, топката оди надвор од теренот и часовникот за игра е запрен. Во тој момент е одобрен тајм аутот за екипата А. Записничарот ќе маркира во записникот 2 хоризонтални линии во првото поле за одобрен тајм аут на екипата А во второто полувреме бидејќи  тајм аутот е одобрен на 1:58 до крај на 4 период. Одобрениот тајм аут ќе биде внесен во второто поле и екипата А ќе има само уште еден преостанат тајм аут. Исправно?                
      Да                        Не
  1. А1 му ја додал топката на А2 за цепелин. А2 ја промашил топката и таа го допрела обрачот, после што А3 остварил посед на топката. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А3 остварил поседн на топката. Ако А3 ја допре топката во своето задно поле, тоа е прекршок вратена топка. Исправно?                                                       
      ДА                       Не
  1. Со 23 секунди преостанати на часовникот за игра екипата А остварила нов посед на топка. Со преостанати 19 секунди на часовникот за игра А1 шутира за кош од игра. Топката го допрела обрачот и А2 остварил посед во скок. Часовникот за шут нема да биде уклучен кога екипата А првобитно остварила посед на топката, но тој ќе биде ресетиран на 14 секунди штом А2 остварил посед на топката бидејќи сеуште има повеќе од 14 секунди на часовникот за игра. Исправно?          
      Да                         Не
  1. А1 и Б1 меѓусебно се оттурнале и им биле досудени лични грешки. На екипата А тоа е 2 тимска грешка во тој период, а на екипата Б тоа е 5 тимска грешка во тој период. Ова е обострана грешка. Слободни фрлања нема да бидат доделени. Исправно?  
      Да                         Не
  1. Во потрага по слободна позиција, Б1 го оттурнал од себе А1, што било досудено како лична грешка. А1 во приближно исто време го удрил Б1 со лакт, што било досудено како неспортска грешка. Оваа е обострана грешка. Бидејќи екипата А имала посед на топката кога била досудена обостраната грешка, играта ќе продолжи со уфрлување за екипата А најблизу до местото на повредата на правилата. Исправно?     
      Да                          Не

No comments: