1. За време слободно фрлање на А5 после кое треба да следи уше едно слободно фрлање, топката пред да удри во обрачот е допрена од Б4. Судиите одлучуваат: Прекршок од Б4 и доделуваат 1 поен на екипата А и досудуваат Техничка грешка на Б4. Исправно?
ДА НЕ
2. Додека екипата Б има посед на жива топка во своето задно поле со 18 секунди преостанати на часовникот за 24 секунди, Б4 ја удира топката со нога и е досуден прекршок. Играта ќе продолжи со уфрлање за екипата А со 18 секунди преостанати за напад на часовникот за 24 секунди. Исправно?
ДА НЕ
3. А1 го започнал својот момент на шут продирајќи кон кошот, држејќи ја топката со двете раце. Во продолжение на своето движење тој е фаулиран од Б1, после што А1 направил прекршок чекори, а топката влегла во кошот. Бидјеќи А1 бил во момент на шут, кошот ќе се важи и на А1 ќе му биде доделено едно слободно фрлање. Исправно?
ДА НЕ
4. За време на уфрлање на топката од задното поле, А5 ја додава топката на А8 кој е на теренот исто така во задното поле. Топката го допрела А8, отскокнува од подот 1 до 2 секунди, после што А8 остварува посед. Дали судијата ќе започне со броење на 8 секунди во моментот кога А8 остварил посед?
ДА НЕ
5. А1 шутира за кош од игра со 20 секунди преостанати за напад на часовникот за шут. Топката го допрела обрачот, се одбила од него и А2 остварил посед на топката. Часовникот за шут ќе биде ресетиран на 14 секунди, без разлика дали А2 остварил посед на топката во предното или задното поле.
ДА НЕ
No comments:
Post a Comment