На поставените прашања дајте го вашиот одговор подолу.
1. За време на почетно потфрлање А4 го фаулирал Б6 пред топката да ги напушти рацете на судијата при потфрлањето. Две слободни фрлања ќе бидат изведени од Б6 и играта ќе продолжи со ново потфрлање во централниот круг. Исправно?
ДА НЕ
ДА НЕ
2. А4 направил неспортска грешка врз Б4, после што заради меѓусебна неспортска комуникација технички грешки им се досудени на тренерите А и Б. Играта ќе продолжи со 2 слободни фрлања за Б4, проследено со уфрлање за екипата Б?
ДА НЕ
3. За време на почетно потфрлање, скокачот А4 ја одбил топката надвор од граничните линии во аут. Играта ќе продолжи со повторување на почетното потфрлање бидејќи ниту еден од нескокачите на теренот не ја допрел топката. Исправно?
ДА НЕ
4. А1 ја води (дрибла) топката, застанува и тогаш А1 губи баланс и без да ја помрдне својата пивот нога еднаш или два пати го допира подот со топката со двете раце. Дали со оваа акција А1 направил прекршок?
ДА НЕ
5. На А1 му била досудена 5 лична грешка. Фрустриран, тој вербално го навредувал судијата зашто бил исклучен. Грешката ќе му биде доделена на тренерот А, впишана како "К". Казната е едно слободно фрлање и посед на топката за екипа Б. Исправно?
ДА НЕ
No comments:
Post a Comment