Tuesday, March 6, 2012

Разултати од првиот дел на полагањата за повисок судиски ранг

Почитувани членови,

Ве молиме забележете го Извештајот од Стручната комисија при СК МКФ во врска со одржаното полагање за повисок судиски ранг:


До
Судиска Комисија на М К Ф


И З В Е Ш ТА Ј
За спроведеното полагање за ранг на Кошаркарски судии


Стручното работно тело на СКМКФ на ден 26.02 2012, врз основа на својата програма за работа и Одлуката на СКМКФ, спроведе тестирања како дел од полагањата за судиски ранг. На тестирањата кои се одржаа во ДСУ Васил Антевски Дрен се постигнати следните резултати:

Регионален судија

На тестирањето за стекнување со ранг Регионален Кошаркарски Судија се појавија 13 судии, од кои подолу наведените 7 судии ги положија сите 3 дела од тестирањето и се стекнаа со право да добијат делегирање за на официјален натпревар да го полагаат практичниот дел од испитот за стекнување со ранг Регионален Кошаркарски Судија:

1. Данев Орданчо
2. Златевски Андреј
3. Николов Лазе
4. Панов Томи
5. Петровски Петар
6. Стојановски Сашко
7. Тасевски Христијан


Државен судија

На тестирањето за стекнување со ранг Државен Кошаркарски судија се појавија 10 судии, од кои подолу наведените 4 судии ги положија сите 3 дела од тестирањето и се стекнаа со право да добијат делегирање за на офицјален натпревар да го полагаат практичниот дел од испитот за стекнување со ранг Државен Кошаркарски Судија:

1. Давидов Александар
2. Крстевски Душан
3. Мицкоски Драге
4. Стојчевски Сашо

Овој извештај да биде доставен до кандидатите и Комесарот за натпреварување, за да ги спроведе соответните делегирања за полагање на последниот дел од испитите.


Скопје, 01.03.2012 Стручно работно тело на СКМКФ

1. Ѓорги Пиперков-Претседател с.р
2. Владимир Макревски-член с.р.
3. Влатко Цветаноски-член с.р

No comments: