Tuesday, May 4, 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ 73

На состанокот одржан на 03.05.2010 беа разгледани следните точки од
Дневниот ред:

1. Видео Едукација
-Разгледани и коментирани беа видео примери од различни ситуации, кои ги презентираше меѓународниот Фиба Инструктор Г-н Ѓорги Пиперков
- Нашиот колега-Фиба судија Г-н Игор Митровски го претстави т.н. Digital Scoresheet, совршена алатка за едукација и самоедукација на кошаркарските судии.


2. Информирање на судииите од состанокот на Здружението за млади категории при МКФ

- Претседателот имаше детален осврт на сите забелешки, коментари, укажувања. но и пофалби од страна на клубовите. Констатирано беше дека во некои сегменти има подобрувања, додека во други се уште има простор за подобрување и напредок, како на пр. односот на судиите кон натпреварите (без разлика на важноста на резултатот и квалитетот на екипите), конзистентност и ист критериум во текот на целиот натпревар, подобрување на односот судија-тренер и судија-играч во духот на фер плеј и сл. забелешки...



3. Разно
-Претседателот детално информираше за претстојната Гимназијада 2010 и побара од сите колеги кои ќе бидат делегирани на натпреварите сериозно да пристапат кон нивно коректно одигрување, со оглед на тоа што учествуваат средни училишта од цела Македонија, кои на ова натпреварување му придаваат мошне високо значење

- За наредниот состанок претседателот најави видео-работилница во раб. групи, на принципот од Семинарот во Охрид.

No comments: