Thursday, May 20, 2010

ИЗВЕСТУВАЊЕ 75

На состанокот одржан на 17.5.2010 беа разгледани следните точки:


1. Втор дел од видео-едукацијата според FIBA Play Situations ’09: во овој дел беа опфатени грешки во напад и одбрана, принцип на вертикалност, недозволена употреба на раце, прекршоци и т.н., со посебен осврт на механиката на судење од страна на ФИБА Националниот инструктор г-н Пиперков.


2. Информации за општинските лиги: Претседателот информираше дека средствата од натпреварите од Општина Карпош се префрлени и дека истите ќе ги исплаќа секретатот на СККСГС – г-н Стојан Митев.


3. Разно: По оваа точка членовите побараа од претседателот да го информира Комесарот за младински натпреварувања дека на овие натпревари безбедноста е на ниско ниво, а како се наближуваат завршните турнири, така притисокот и неспортското однесување кон судиите се зголемува. Особено критични се натпреварите што се играат во помалите училишни сали, каде родителите се однесуваат неспортски и непристојно кон учесниците на натпреварот и особено кон службените лица.
Договорено беше да се преземат сите неопходни чекори за да се подобри безбедноста на натпреварите и да се заштитат службените лица.


На крајот, претседателот информираше дека наредниот понеделник, 24.5.2010 г., редовниот состанок со членството нема да се одржи заради тоа што тој ден е неработен.

No comments: