Tuesday, February 2, 2010

РЕЗУЛТАТИ ОД ОДРЖАНОТО ТЕСТИРАЊЕ ЗА СУДИСКИ РАНГ „КОШАРКАРСКИ СУДИЈА“

На ден 1.2.2010 година во 17 ч., се одржа тестирање за судискиот ранг КОШАРКАРСКИ СУДИЈА, спроведено од Комисија во состав: Игор Младеновски, Слободан Тасевски и Александар Димовски.
Според прикажаните резултати на тестовите, изготвени во соработка со ФИБА Националниот инструктор Ѓорѓи Пиперков, тестот го положија следните кандидати:

1. Томи Панов - Скопје
2. Александар Петров - Скопје
3. Иван Петров - Скопје
4. Андреј Златевски - Скопје
5. Момчило Деспотов - Крива Паланка
6. Орце Митовски - Крива Паланка

Според горенаведеното, сите кандидати се стекнаа со рангот КОШАРКАРСКИ СУДИЈА , со напомена дека колегите Деспотов и Митовски, кои со дозвола од Претседателот на Телото за регионален развој при СКМКФ, Зоран Златевски, беа тестирани во Скопје, ќе се вклучат како членови на Судискиот одбор од Куманово.
На младиот колега Андреј Златевски, рангот КОШАРКАРСКИ СУДИЈА ќе му биде активиран по навршувањето на 16 години, согласно Правилнкот за судиски и делегатски кадар.

На сите колеги кои го поминаа тестирањето, им посакуваме успешна и долгогодишна судиска кариера, со надежи за големи достигнувања...

Со почит,
СККСГС

No comments: