Thursday, November 19, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 70

На ден 16.11.2009 во просториите на МКФ беше одржан состанок со членството на СККСГС на кој се разговараше по следниве точки:

1. Изработка на Правилник за помошни судии
Претседателот на СККСГС го афирмираше ставот на раководството дека е време да се утврдат некои правила на игра и кодекси на однесување на помошните судии, со цел подобрување и унифицирање на работата на записничка маса на натпреварите што се играат во Скопје. СККСГС ќе изготви Предлог-правилник и ќе го стави на јавен увид и расправа пред членовите, пред неговото конечно усвојување.

2. Проект за снимање на младински натпревари со цел подигнување на квалитетот на судење кај младите судии
Членството беше информирано дека проектот стартуваше успешно и дека СККСГС во иднина ќе изготви програма за тоа кои натпревари и судии ќе бидат снимани, со исклучиво едукативни цели и задачи.

3. Термин за рекреација на членовите во Гимназија ”Цветан Димов” во населбата Чаир – понеделник и четврток од 22.30 h.
Членовите беа информирани дека во наведените термини може бесплатно да се користи салата, со сите погодности (греење, тушеви и сл.).
Согласно својата Програма за работа и ставот за одржување на добра физичка кондиција кај сите судии, претседателот на СККСГС ги повика сите членови на редовно користење на термините за рекреација.

4. Разно
По оваа точка претседателот ги повика сите членови на СККСГС да ја информираат Комисијата за своите финансиски побарувања по основ на отсудени натпревари во општинските и училишните лиги, како и финалните турнири од младинските првенства за минатата натпреварувачка сезона, на е-маил адресата sudiska_komisija@yahoo.com
Исто така, колегата Јане Јанев во својство на член задолжен за координација на Комисијата за маркетинг, информираше дека и оваа година ќе се организира традиционалната Судиска вечер, за која членовите ќе бидат благовремено известени.


Наредниот состанок ќе се одржи на 23.11.2009 г. во 18.00 ч. во просториите на МКФ.

No comments: