Почитувани Колеги,
Во Понеделникот на 27.04.2009 година, во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија со почеток од 18:00 часот, Судиската Комисија на кошаркарските судии и делегати на град Скопје (СККСГС) и дел од членството одржаа редовен работен состанок на кој присуствуваа и Г-динот Дејан Лекиќ - Генерален секретар на КФМ и Г-динот Петар Денковски - Претседател на Судиската комисија при КФМ и Г-динот Панче Јакимовски - Професор во Спортската гимназија „М.М. Брицо“ од Скопје во својство на претставник од лигите во организација на Сојузот за училишен спорт на град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.
На состанокот се дискутираше по следниве точки од Дневниот ред:
1. Активности на Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати при КФМ во наредниот период,
2. Потешкотии со кои кошаркарските судии и делегати се среќаваат на натпреварите од лигите во организација на Сојузот за училишен спорт на град Скопје (СУСГС) и Агенцијата за млади и спорт (АМС),
3. Последниот инцидент по завршување на натпревар од лигата на Сојузот за училишен спорт на град Скопје,
4. Тековни прашања.
Поздрав,
СККСГС
No comments:
Post a Comment