Почитувани Колеги,
СККСГС во понеделникот на 02.03.2009 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ одржа работен состанок со дел од кошаркарските судии и делегати од град Скопје на кој се дискутираше по следниве точки:
1. Кодекс на однесување на кошаркарските судии и делегати на град Скопје,
2. Едукација преку видео примери.
3. Тековни прашања.
По однос на втората точка, СККСГС апелираше кај членството поголемо ангажирање околу ВИДЕО ПРИМЕРИТЕ, затоа што нивната основна цел е ЕДУКАЦИЈА.
Од вкупно 65 члена во сезоната 2008/2009 година на ВИДЕО ПРИМЕРОТ 7 одговориле вкупно 17 члена или 26%. Од 17 одговори, 3-ца колеги или 18% одговориле дека ова е лична грешка од одбранбениот играч, а 14 или 82% одговориле дека оваа одбранбена акција не е лична грешка, што е и точен одговор.
Од причини што во одговорот на овој ВИДЕО ПРИМЕР (7) активно учествуваа само 26% од членството, СККСГС побара од истото поголем ангажман во следните ВИДЕО ПРИМЕРИ со активно учество и не само во делот на одговорите објавени како ПРАШАЊЕ НА НЕДЕЛАТА, туку и со свое објаснување, мислење и сл. поврзани со самиот пример во делот COMMENTS.
По однос на третата точка, СККСГС со потсетување за обврските кои ги имаме како службени лица:
1. Откажувањата на натпреварите од младинските лиги е до 12 часот секој четврток и исклучиво на e-mail адресата (или телефоскиот број во канцеларијата) на Комесарот за млади кои се објавени на нашиот БЛОГ.
2. По завршување на секој натпревар од младинските лиги должност на секој делегат (или првиот судија доколку нема делегат) да го пополни образецот за краен резултат и во текот на денот да го испрати истиот на e-mail адресата или fax бројот наведени на образецот.
3. Оргиналниот записник треба лично да биде доставен од делегат или судија во канцеларијата на Комесарот за млади секој понеделник, доколку натпреварите се играат за време на викендот, односно првиот следен работен ден, доколку натпреварите се играат во текот на неделата.
Поздрав,
СККСГС
1 comment:
Mozam da kazam deka moeto mislenje e deka nema cekori, bidejki stojnata noga ostanuva na zemja vo momentot koga iscekoruva i vo momentot na sut ja kreva od podot. Cista situacija vo koja nema cekori.
Post a Comment