Friday, February 20, 2009

ИЗВЕСТУВАЊЕ 46

Почитувани Колеги,

СККСГС доби понуда за соработка со MAKSWISS - Туристичка Агенција од град Скопје. Истоимената агенција постои веќе 17 години и нејзина основна дејност е обезбедување и издавање авиобилети од сите авиокомпании и за сите дестинации во светот како и обезбедување на хотелско сместување, патничко осигурување, превоз и други услуги.

Агенцијата се наоѓа на улица Максим Горки бр. 17 во Скопје, во непосредна близина на Швајцарската и Италијанската амбасада.
Меѓудругото, агенцијата располага и со свои претставништа во Гостивар и Цирих во кои исто така работи професионален стручен кадар од областа на авијацијата, како и шалтер на аеродромот во Скопје за прифаќање и отпрема на патници.

Агенцијата во Скопје е на располагање да одговори на секое наше барање во најкраток можен рок и по најповолни цени за сите барани дестинации.

Агенцијата располага и со сервис за достава на авиобилети и истиот може да се користи без надокнада.

За сите Кошаркарски судии и делегати од град Скопје, но и од другите градови во Р. Македонија, цените ќе бидат пониски по договор.

Агенцијата и СККСГС се надеваат дека ќе бидат воспоставени добри и коректни деловни односи на обострано задоволство.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации Ве молиме контактирајте ја канцеларијата на Туристичката Агенција MAKSWISS во Скопје на следниве телефони:

+389 3117 144,
+389 3117 414,

Лица за контакт: Елизабета Дуковска и Марта Јевиќ.

Поздрав,
СККСГС

No comments: