Tuesday, July 22, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 24

Почитувани Колеги,

СККСГС на 21.07.2008 година одржа работен состанок со следниве точки на Дневниот ред:
1. Подготовка за новата сезона - 2008/2009 година,
2. Разно.

По однос на првата точка, а со цел членството спремно да ја дочека новата 2008/2009 сезона, СККСГС одлучи преку електонската пошта до своите Колеги да ги испрати следниве документи:
- Службени кошаркарски правила 2008,
- Промена на правилата со важност од 1-ви Октомври 2008 година,
- Програма за физичка подготовка - Пиперков Ѓорѓи.

Во исто време СККСГС ве известува дека сите документи се на англиски јазик.
Според официјалните кошаркарски пропозиции и службени кошаркарски правила на Меѓународната кошаркарска федерација кои се со важност од 2003, односно 2008 година(Глава прва, член 1, Дефиниција, состав и одговорности, страна 3 - ПРОПОЗИЦИИ, Правило осум, член 47 Судии: Должности и права, страна 50, СЛУЖБЕНИ КОШАРКАРСКИ ПРАВИЛА 2008) официјален работен јазик на ФИБА е англискиот јазик.
Познавањето на англискиот јазик е особено значајно за секој кошаркарски судија и делегат, а посебно за оние кои претендираат еден ден да го носат знакот на ФИБА.

Поздрав,
СККСГС

No comments: