Monday, March 3, 2008

Правило општи одредби - Посебни случаи

Ангел Младеновски
Регионален кошаркарски судија,
кандидат за Државен кошаркарски судија

Член 42. Посебни случаи

42.1. Дефиниција: Во ист период на мирување на часовникот кој следи после повреда на правилата можат да произлезат посебни случаи, кога се направени дополнителни грешки.

42.2 Постапка

 42.2.1 Сите грешки ќе бидат досудени и одредени казни за нив.

 42.2.2 Ќе биде одреден редоследот по кој се случиле грешките.

 42.2.3 Сите грешки со еднакви казни против обете екипи и сите казни од двострани грешки ке бидат поништени. Кога еднаш казните ќе бидат поништени, ќе се смета како тие никогаш да не се случиле.

 42.2.4 Правото на посед на топка како дел од последната казна која треба да се реализира, ги поништува сите претходни права на посед на топката.

 42.2.5 Kога топката ќе стане „жива“ при изведување на прво или единствено слободно фрлање или уфрлување , таа казна повеќе не може да се користи за поништување на друга казна.

 42.2.6 Сите преостанати казни ќе бидат реализирани според редоследот по кој биле досудени.

 42.2.7 Ако после поништувањето на еднакви казни против обете екипи, нема други преостанати казни за извршување, играта ќе продолжи како што следува :

Ако во приближно исто време кога се случила првата повреда на правилата :

 е постигнат погодок од игра, топката ќе биде доделена за уфрлување од било кое место на челната линија, на екипата која примила погодок;

 екипата имала посед на топката или се стекнала со право на посед на топката, истата ќе биде доделена на таа екипа за уфрлување од местото кое е најблизу до она место каде се случила првата повреда на правилата ;

 ниту една екипа немала посед на топката ниту се стекнала со право на топката, се случува ситуација на потфрлување.


Член 42 : Посебни случаи (ситуации)

 ПРИКАЗ- 42.1

За време на посебни случаи (ситуации) кога за време на ист период на запрен часовник за игра, се случиле повеќе казни кои треба да се извршат, судиите мора да обрнат особено внимание на редоследот според кој се случиле прекршоците или грешките и кои казни кога мора да се извршат, а кои меѓусебно да се поништат.

Пример 1.
Играчот А4 е во обид со скок шут да постигне кош од игра. Додека топката е во воздухот, се огласува сигналот на уредот за 24 секунди. По сигналот, но додека А4 е сеуште во воздухот, со неспортска грешка е фаулиран од Б4 и:
1. Топката го промашува обрачот;
2. Топката само го опрела обрачот но не влегла во кошот;
3. Топката влегла во кошот.

Толкување: Во сите три случаи неспортската грешка на Б4 не може да се занемари.

1. А4 бил фаулиран од Б4 во момент на шут (казна: две или три слободни фрлања проследени со уфрлање за екипата А од продолжената средна линија отспротива на записничката маса). После тоа е направен прекршок 24 секунди од страна на играчот А4 (казна: уфрлување за екипата Б од продолжената линија за слободни фрлања). На А4 ќе му бидат доделени две/три слободни фрлања, но правото за уфрлување за екипата А ќе биде поништено бидејќи тоа не е последната казна за извршување. Играта ќе продолжи со уфрлување за екипата Б од продолжената линја за слободни фрлања.

2. Не се случил прекршок 24 секунди: две/три слободни фрлања ќе бидат доделени на А4, проследени соуфрлување за екипата А од продолжената централна линија наспроти записничката маса.

3. Не се случил прекршок 24 секунди: две/три поени ќе бидат доделени (признати) на А4, проследени со едно дополнително слободно фрлање за А4. играта ќе прдолжи со уфрлување за екипата А од продолжената средна линија, отспротива на записничката маса.

 ПРИКАЗ – 42.2

Ако во текот на изведувањето на слободните фрлања, се случи двострана грешка или грешки со еднакви казни, грешките ќе бидат досудени и забележани, а казните ќе бидат поништени.

 Пример 1.
На играчот А4 му се доделени две слободни фрлања. После првото слободно фрлање, направена е двострана грешка од А5 и Б5.
Толкување :
Грешките на А5 и Б5 ќе им бидат досудени, после што А4 ќе го изведе второто слободно фрлање и играта ќе продолжи како после обичн последно или единствено слободно фрлање.

 Пример 2.
На играчот А4 му се доделени две слободни фрлања. После првото слободно фрлање се направени технички грешки прво од А5, а потоа од Б5.
Толкување:
Ќе бидат досудени технички грешки на А5 и Б5, после што А4 ќе го изведе последното или единствено слободно фрлање. Играта ќе продолжи како после обично последно или единствено слободно фрлање.

 Пример 3.
На играчот А4 му се досудени две слободни фрлања. Обете слободни фрлања се успешни. Пред топката повторно да постане „жива“ после последното слободно фрлање:
1. Направена е двострана грешка помеѓу А5 и Б5;
2. А5 и Б5 направиле технички грешки.

Толкување:
Ќе им бидат досудени грешки на соодветните играчи, после кои играта ќе продолжи со уфрлување од челната линија како последно или единствено слободно фрлање.

 ПРИКАЗ – 42.3

Во случај на двострана грешка, играта ќе продолжи со уфрлување за екипата која имала посед на топката или и било доделено правото на топка кога била досудена двострана грешка. Во случај на ситуацијата од член 42-Посебни случаи, кога после поништување на еднакви казни повеќе не останале казни за извршување, играта ќе продолжи со уфрлување од екипата која имала посед на топката или и било доделено право на топка пред да се случи првата повреда на правилата, тоа е ситуација на потфрлување. Играта ќе продолжи со уфрлување на топката според процесот на алтернативен посед (правец на стрелката).

Пример 1.
За време на интервал на игра помеѓу првиот и вториот период:
1. Поради меѓусебно удирање досудена е двострана грешка помеѓу А5 и Б5, а потоа обајцата се исклучени;
2. Техничка грешка му е досудена на тренерот А, а потоа и на тренерот Б.


Стрелката за алтернативен посед е во корист :
1. На екипата А;
2. На екипата Б.


Како ќе се продолжи со играта во вториот период?

Толкување:

1. Играта ќе продолжи со уфрлување зa екипата А од местото најблиску до она каде се случила двостраната грешка или првата повреда на правилата. Во моментот кога токата ќе биде допрена од играч на теренот стрелката ќе биде завртена во корист на екипата Б.

2. Следи истата постапка започнувајќи со уфрлување на екипата Б.

Примери:

1. Досудени се чекори од играчот А4, а веднаш потоа и обострана грешка од А5 и Б5 проследена со лична грешка од играчот Б6 врз играчот А6. обете грешки се досудени пред топката да постане жива после прекршокот. Тоа е 5-та тимска грешка на екипата Б во тој период.

Толкување:
Во правилото за казни во посебни случаи казна за обострана грешка ќе биде поништена. Казната за прекршокот од А4 е посед на топката за екипата Б. Казната за грешката на Б6 е посед на топката за екипата А, без оглед на бројот на грешките на екипата Б во тој период на играта. Две еднакви казни остануваат за реализација кои по правило се поништуваат и како резултат на тоа продолжението на играта ќе биде ситуација на пофрлање, така што играта ќе продолжи според насоката на стрелката за посед со време за напад од 24 секунди.

2. Екипата А стекнала посед на топката на теренот. Потоа е досудена обострана грешка од А5 и Б5 проследена од лична грешка на А6 врз Б6 (5-та грешка на екипата А).

Толкување:
Посебен случај настанал во моментот кога е досудена грешка од А6. во посебни случаи сите казни од обострани казни ќе бидат поништени и казната за грешката на А6 ќе биде реализирана со:
уфрлување за екипата Б.
Иако екипата А стекнала право на посед за уфрлување на топката во игра (после обостраната грешка) во моментот кога е досудена грешката на А6, казната за оваа грешка е посед на топка без оглед на бројот на грешките на екипата А кои ги направила во овој период.

3. Екипата А стекнала право на посед после грешка или прекршок. Топката е ставена на располагање на играч од екипата А да ја уфрли во игра, кога е досудена техничка грешка на А5 и Б5. потоа А6 направил лична грешка на Б6 (5-та грешка на екипата).

Толкување:
Казните за обете технички грешки се еднакви и поради тоа тие се поништуваат една со друга. Бидејќи топката веќе постанала жива при уфрлувањето во игра од екипата А, оваа казна не мож да биде користена за поништување. Поради тоа, продолжеток на играта ќе биде:
уфрлување на топка во игра за екипа Б, без оглед на бројот на грешкитена екипата А во тој период од играта.
Доколку, за пример, грешката е досудена пред топката да биде ставена на располагање на играчот од екипата А за уфрлање во игра, грешката од А6 се поништува со онаа на екипата Б и бидејќи повеќе нема казни за извршување, играта ќе продолжи со ситуација на потфрлање, односно според насоката на стелката за посед на топка.

1 comment:

Anonymous said...

Здравия всем,

Надежная и проверенная [url=http://popplers.ru/]партнерская программа[/url] [b]Popplers.ru[/b] предлагает Вам сотрудничество на выгодных условиях. Мы покупаем ваш ру трафик по выгодным ценам. Владельцам сайтов, вебмагазинов и веб мастерам мы предоставляем выгодные условия, отзывчивую поддержку и проффесиональный подход в непростом бизнесе рунета.
прекрасная возможность быстро заработать, выгодная рефферальная программа, направьте ваш ру трафик в нужное русло, в русло прибыли которое принесет вам [url=http://popplers.ru/]Партнерская программа[/url] [b]Popplers.ru[/b] . Вывод средств в WebMoney или PayPal, возможность срочных выплат в любой день недели, персональный подход к каждому адверту.

Наши расценки за 1000 уникальных переходов:

DoorWays - 6у.е.
Popunder - 5у.е.
CJ - 5 у.е.
Clickunder - 4 у.е.

Ждем Вас в наших рядах!

ICQ: 498994074