Saturday, March 1, 2008

ИЗВЕСТУВАЊЕ 5

Почитувани Колеги,

СККСГС и членството во понеделникот на 25.02.08 со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ одржаа состанок со следниов ДНЕВЕН РЕД:

1. Полагање за Регионални и Државни кошаркарски судии;
2. Тековни проблеми во младинските лиги;
3. Разно.

По првата точка СККСГС одлучи активно да земе учество во подготовката на своите членови - кандидати за Регионални и Државни судии. За таа цел на наредните состаноци (03.03.2007 и 10.03.2007 година пред почетокот на Купот на Р. Македонија) ќе организира предавања на кои ќе земат учество и самите потенцијални кандидати.
Во понеделник на 03.03.2008 година со почеток од 18:00 часот во просториите на КФМ Г-динот Ангел Младеновски - Регионален судија и кандидат за Државен судија ќе ја обработи темата: ГРЕШКИ ВО ПОСЕБНИ СЛУЧАЕВИ,

По втората точка членството дискутираше меѓу другото и за: организациски пропусти во младинските лиги, прашања од службените кошаркарски правила и механиката на судење и др.,

По третата точка СККСГС ја прeтстави предлог одлуката до членството:
- Судиска и делегатска членарина.
Истата беше образложена со фактот:
- Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје не располага со никакви финансиски средства потребни за нормално функционирање на истата.
Членството со мнозинство (повеќе од 50%+1 од вкупниот број на кошаркарски судии и делегати од град Скопје) ја прифати одлуката.


Со почит,
СККСГС

No comments: