Monday, December 31, 2012

НАЈУБАВИ ЖЕЛБИ ВО НОВАТА 2013 ГОДИНА

Судиската комисија на кошаркарски судии и телегати, на сите свои членови, соработници и пријатели им посакува среќна и успешна Нова 2013 година, со желби за одлично здравје, весели моменти, благосостојба и успех на сите полиња.
Нека Новата година за сите нас донесе нови можности, предизвици и насмевки!

Честит Божиќ и многу топлина, радост и хармонија во вашите домови!

Со почит,
СККСГС

УСПЕХ НА СУДИИТЕ ОД СКОПЈЕ НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЗА ПОВИСОК СУДИСКИ РАНГ

На првиот дел од испитот за стекнување повисок судиски ранг, судиите од Скопје се претставија во мошне добро светло и квалитетно ги одраборија зададените тестови. Следните колеги го поминаа првиот филтер, и само устен испит и судење натпревар ги дели од повисок ранг: Боро Антовски, Андреј Бојчев, Владимир Михајловиќ, Петров Александар, Петров Иван и Петровиќ Мартин.

Им честитаме на колегите и им посакуваме конечен успех.

СККСГС

Sunday, December 9, 2012

Врз основа на Правилникот за судиски и делегатски кадар, Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје го распишува следниов

К О Н К У Р С
за полагање за повисок судиски ранг

            Право на пријавување за полагање за повисок судиски ранг имаат сите судии од териоторијата на град Скопје, со ранг кошаркарски судија (* ѕвезда) и регионален судија (** ѕвезди), согласно Правилникот за судиски и делегатски кадар, и тоа според следниве членови:
Член 5
РЕГИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА
По задолжителното судење во младинските лиги од период кој не е помал од една година, на кошаркарскиот судија, кој покажал забележителни резултати во судењето во младинските лиги по мислење на Судиските Комисии на градските одбори и се придржува кон правилникот, кодексот на однесување и други документи донесени од страна на Судиската Комисија при МКФ, МКФ и ФИБА, ќе му се овозможува полагање за повисок ранг, односно за РЕГИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА.
Испитот за полагање за овој ранг го организира Судиската Комисија на Македонската кошаркарска федерација, а се состои од:
                Тест од познавање на службените кошаркарски правила и механиката на кошаркарското судење,
                Тест за проверка на физичката подготвеност и
                Судење на натпревар од најквалитетните младински или сениорски кошаркарски лиги.

Со стекнување на звањето РЕГИОНАЛЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА, овие кошаркарски судии во период кој не помал од една година ги судат сите натпревари кои ги судат кошаркарските судии со ранг - кошаркарски судија, потоа натепреварите од втората сениорска лига во машка конкуренција и првата сениорска лига во женска конкуренција, како и натпреварите од универзитетските лиги.
По завршувањето на циклусот од две години РЕГИОНАЛНИТЕ КОШАРКАРСКИ СУДИИ кои постигнале забележителни резултати во судењето се стекнуваат со право да полагаат за повисок ранг или за ДРЖАВЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА.

и
Член 6
ДРЖАВЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА
По задолжителното судење во период кој не е помал од една година на натпревари од втората машка и првата женска лига, на регионалниот кошаркарски судија, Судиската Комисија на Македонската кошаркарска федерација ќе му овозможи полагање на испит за ранг државен кошаркарски судија доколку покажал успешно судење, не е постар од 30 години и се придржува кон правилникот, кодексот на однесување и други документи донесени од страна на Судиската Комисија при МКФ, МКФ и ФИБА.
Испитот за полагање за овој ранг се состои од:
                Тест од познавање на службените кошаркарски правила и механиката на кошаркарското судење,
                Тест за проверка на физичката подготвеност и
                Судење на натпревар од најквалитетните сениорски кошаркарски лиги во организација на МКФ.

Кандидатите кои го положиле испитот за ДРЖАВЕН КОШАРКАРСКИ СУДИЈА, можат да ги судат сите натпревари во организација на МКФ.

Се повикуваат исклучиво оние кандидати кои ги исполнуваат сите услови за кандидирање да се пријават на Конкурсот, во периодот од 9 – 15.12.2012 г.

            Апликациите на кандидатите треба да ги содржат следниве податоци:
-       Име, презиме и датум на раѓање
-       Датум на стекнување на актуелниот (моменталниот) судиски ранг
-       Кои лиги ги судел кандидатот во изминатите две цели сезони (2010/2011 и 2011/2012)

Апликациите се праќаат на: sudiska_komisija@yahoo.com 
СККСГС ќе разгледува само целосни апликации.

Конечните листи со кандидатите кои ќе бидат предложени на СК МКФ за полагање на тестови за повисок судиски ранг ќе бидат објавени на блог-страницата на СККСГС, а кандидатите ќе бидат официјално известени преку имејл.

Според информациите од СКМКФ, полагањето е закажано за 23.12.2012 година.

Скопје, 9.12.2012 г.
Судиска комисија на кошаркарски судии на град Скопје